Галиите ќе се дислоцираат од Вардар заради безбедносни причини

Предвидената дислокација на галиите, прскалките, фонтаните и врбите од Вардар ќе се прави исклучиво заради безбедносни причини, иако и нивната естетика е сомнителна, оцени денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој посочи дека коритото на Вардар е капитален проект изграден по поплавите во Скопје во 1962 година со цел да се спречат идни поплави и оти во него не смее да има препреки.

- Со тој проект е предвидено коритото да може да апсорбира 100-годишни води и е изградено на три нивоа. Секое намалување на коритото е опасност од поплави, а никако не смее да има препреки во мајнор коритото каде се поставени галиите. Токму затоа се одлучивме и го отстранивме земјениот насип поставен пред првата галија и му наложивме на изведувачот „Бетон“ да го отстрани насипот пред мостот во изградба на кој требаше да биде поставено „панорамското тркало“, рече Шилегов на денешната средба со новинарите.

Низ Скопје, како што кажа, течат три реки Вардар, Треска и Лепенец, а само Треска е регулирана со езерото Козјак.

- Студија на УНДП покажува дека при поплава од мали размери во Скопје, доколку се излие само Вардар, ќе има штета од околу 50 милиони евра, доколку се излие Вардар и уште една од двете други реки ќе има средна поплава со штети од 252 милиони евра, а ако се излијат трите реки ќе има штета поголема од 500 милиони евра, рече Шилегов.

Во моментов, посочи, се прават неопходните анализи за да се утврди постапката како да се дислоцираат галиите и што да се прави со мостот, а пролетва ќе се дислоцираат и врбите, прскалките и фонтаните од коритото на Вардар.

Првичните проценки, додаде, покажуваат дека за дислокација на галиите ќе требаат од четири до 4,5 милиони евра, додека за пренамена на мостот и доизградба во пешачки се потребни 3,5 милиони евра, а за негово уривање нешто помалку.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...