Закажани две пленарни седници, ќе се избираат потпретседатели на Собранието

Собранието на Република Македонија по двонеделно немање пленарни активности поради службени патувања на пратеници, денеска ќе го одржи второто продолжение на 26.седница, а по неа и 34.седница.



Пратениците во рамки на 34.седница ќе расправаат по предлог - изборот на потпретседатели на Собранието на РМ, поднесен од група пратници, предлог-одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

На седницата ќе бидат разгледани и предлог-законите за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за меѓународен железнички превоз (КОТИФ) од 9 мај 1980 година содржана во Протоколот од 3 јуни 1999 година (Протокол донесен во Вилнус), за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на туризмот, за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.

Пратениците ќе расправаат и по предлог-законите за дополнување на Законот за судовите, за изменување и дополнување на законите за заштита на укажувачи, за народниот правобранител, сите во второ читање, за изменување и дополнување на Изборниот законик и на Законот за градење, двата по скратена постапка. Пратенците ќе ги разгледуваат и дополнувањата на законите за вработените во јавниот сектор, за Управата за јавни приходи, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за даночна постапка, за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка.

На дневен ред на продолжението на 26.седница е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...