Отсуството на Мијалков ја одложи „Тортура“

Судењето за предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 7 мај бидејќи на денешното рочиште не дојде поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет.

Во Судот, како што беше кажано, не е добиен доказ за уредна достава на покана за Мијаков за денешното рочиште.

Обвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд.

Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за судското рочиште. Додаде дека не ја знае точната адреса, но како што посочи, живее под Панорама на Водно

„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура" обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...