АМС ја повлекува збирката со песни со недолична содржина

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски вели дека чувствува морална и професионална одговорност и се извини на јавноста, за, како што рече денеска на прес-конференција, настанатата грешка при објавувањето на поетската збирка „Млади поети“ каде кај две од 44-те песни е утврдено дека постои недолична содржина.

Каевски информира дека АМС го повлекува целиот тираж кој уште не е целосно дистрибуиран за да се спречи натамошна штета. Агенцијата, потенцираше, ја поддржува слободата на говор, но во исто време се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација и говор на омраза базирани на родова, етничка или каква било друга основа.

- Како директор чувствувам морална одговорност, но уште повеќе професионална одговорност да се расветли случајот и точно да се детектира вината. Цврсто застанувам против објавување ваква содржина и го сметам за грешка, ќе направиме се што е во наша надлежност штетата да се поправи и грешката да не се повтори, рече Каевски.

Според него, песните ги селектирала надворешна тричлена комисија која според решението за нејзино формирање врши селекција на пристигнатите творби за збирката „Млади поети“, а во извештајот што му го добил оттаму нема никакви сугестии за текстот во однос на сите песни кои се доставени до АМС. - Не ја насочувам вината само кон комисијата, туку и кон мене како директор и кон институцијата и затоа ќе направиме се што е во наша ингеренција да го расветлиме случајот и точно да ја детектираме вината, потенцира Каевски.

Разговарал со претседателот на Комисијата, кој, како што рече, го известил дека не биле свесни оти треба да прават селекција и да отфрлаат песни. - Во однос на содржината сметаат дека има право на слобода на говор и слободна мисла на изразување, а јас имам поинаков став - слободата на говор е неприкосновена се додека не се претвори во говор на омраза и дискриминација, наведе Каевски.

На новинарско прашање зошто како уредник на збирката дозволил да се објават песните со недолична содржина, одговори дека неговиот потпис е ставен за постапката и за чекорите во постапката, а не за содржината.

- Како директор на АМС стојам како уредник и затоа наведов дека чувствувам морална одговорност, но не ја прегледувам содржината, потенцира Каевски.

Збирката е испечатена во 5.000 примероци, а АМС нема точна бројка колку досега се дистрибуирани. Нивното печатење чини 150.000 денари, а активноста е продолжение на проект што се спроведува четири години. За направената штета, Каевски најави дека ќе побара од одговорните да ја надоместат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...