ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието, ќе бара гласање недоверба на Владата

Извршниот и Централниот комитет ВМРО-ДПМНЕ синоќа донесе одлука пратениците од партијата да учествуваат во работата на Собранието на Македонија.

- Донесовме одлука учествувајќи во работата на Собранието жестоко да се бориме за секој предлог кој е во корист на граѓаните и да се спротивставиме против секоја штетна мерка, и антидржавна политика спроведувана од парламентарното мнозинство, изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски по состаноците на партиските тела.

Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицковски ќе биде покренување на прашање за гласање недоверба на Владата.

- Од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека во финална фаза се преговорите за реформските закони, постигната е согласност за поголемиот дел од нив, при што се прифатени голем дел на нивните забелешки и укажувања за подобрување на законите. По целосното финализирање кое Мицковски очекува да биде готово во следните денови, ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира за тоа да добе и писмени гаранции.
На власта и забележа дека во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ не беше во Собранието, донела клучни закони без било каква консултација со опозицијата, како што е законот за администрацијата, со кој, според Мицковски се отвора можност за партиски реваншизам и бркања од работа. Наведе дека „надвор од реформските закони ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ништо да помине за кое ќе оцени дека не е од корист на граѓаните“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...