Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките партии за разговорите за името

Лидерите на грчките политички партии, еден по еден, ќе бидат информирани од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за разговорите во Виена и текот на преговорите за името. Наместо претседателите на партиите да ја посетат зградата на грчкото МНР, според грчките медиуми, Коѕијас брифинзите ќе ги оддржува во партиските штабовите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за денеска напладне официјално е закажана средба со генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцубас, со што и ќе започне циклусот средби. Веројатно е дека денеска Коѕијас ќе се сретне и со лидерот на партијата Река, додека пак во текот на утрешниот ден се предвидени разговори со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и претседателот на Сојуз на централисти Василис Левендис.

Најголемата опозициска партија Нова Демократија ќе остане последна за информирање, откако лидерот Кирјакос Мицотакис одби да го прими Коѕијас и побара да биде информиран лично од премиерот, шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со одговорниот за надворешна политика во партијата.

- Коѕијас средбите нема да ги започне со претседателот на најголемата опозициска партија како што одредува протоколот затоа што Кирјакос Мицотакис ја одби поканата, коментираше грчката државна ТВ ЕРТ.
Информацијата за средбите на Никос Коѕијас со претседателите на партиите во Грција, ја објавија грчките медиуми пред почетокот на преговорите во Виена, како што јави МИА во четвртокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...