ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на земјата.

Препораката се базира на направената длабока анализа, нагласи Хан. Додаде дека е сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори.

- Реформите во јавната администрација борбата против организираниот криминал судството, оценувањето на судиите и обвинителите се видливи, ги гледаме резултатите од тие напори, напомена Хан.

Порача реформите да продолжат - во јавната администрација, борбата со корупцијата и организираниот криминал, а особено во судството.

Истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан повторно ја потврдиле својата европска иднина. ЕК, како што посочи, за тоа ги награди Македонија и Албанија со препорака за почнување на пристапните преговори.

- Но тука не завршуваат напорите. Имаме уште многу работа. Далеку сме од готов производ, но сме на добар пат. Извештајот е позитивен и оптимистичен за Западен Балкан, но мора да наспоменеме дека влезот во ЕУ треба да се заслужи. Важно е да кажеме дека целиот процес се заснова врз постигнатите резултати и секој треба да работи на она што му е дадено како задача, рече Хан.

Додаде дека наскоро ќе бидат видливи и конкретни резултати на Самитот во Софија, каде ќе бидат склучени конкретни договори со цел полесна соработка со ЕУ во неколку области меѓу кои економската соработка и енергетиката.

Нагласи оти во земјата и регионот е важно да се подобрат условите за инвестиции преку подобрување на економската клима и додаде дека владеењето на правото е мошне важен фактор во таа насока.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која вечерва заминува во посета на Тирана, утре на Скопје, а потоа и на Подгорица и Белград, го отвори пресот и напомена дека Западен Балкан е дел од Европа и оти во иднина ќе стане дел од ЕУ.

- Позитивната порака, која Скопје и Тирана ја очекуваа од ЕК дојде, рече Могерини.

Изрази уверување дека земјите од регионот ќе ги спроведат реформите и ќе покажат конкретни резултати, бидејќи, како што рече граѓаните на тие земји тоа го очекуваат од нивните власти.

Могерини нагласи дека со пакетот за проширување на Унијата ќе се зголемат мирот и стабилноста во регионот, но и во ЕУ, но и ќе се отворат економските можности за земјите-членки и земјите-кандидатки.

Хан доаѓа во посета на Македонија, при што ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а ќе учествува и на премиерскиот ручек на Дигиталниот самит што во наредните два дена ќе се одржи во Скопје.

За време на престојот во Скопје Могерини треба да се обрати и пред пратениците во македонскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...