Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет

Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот што го постигнаа Македонија и Грција во процесот на преговорите за решавање на спорот за името.



Ова го соопшти вечерва на прес-конференција премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри во Владата.

Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН - македонски, macedonian, без фуснота. Националноста е македонска/граѓани на Република Северна Македонија и соодветно на англиски јазик.

Со договорот, рече Заев, еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ, истакна премиерот.

Договорот, како што рече ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти во државата, потпишан од претставниците на двете влади, по што следува ратификацијата во Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...