Иванов: Договорот со Грција е штетен и нема да го потпишам

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оцени дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија, дека е лична одлука и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров и дека нема да го потпише.



Во ТВ-обраќање до граѓаните, шефот на државата рече дека со договорот што вчера беше постигнат и објавен меѓу Заев и Ципрас се напуштени државните позиции за неменување на Уставот и неприфаќање име за севкупна употреба.

Смета дека е штетен и како таков единствен во историјата на човештвото, со кој се крши Уставот и законите, недостоинствен и донесен нетранспарентно.

- Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведиочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија, рече Иванов, појаснувајќи дека не се менува само уставното име, туку и преамбулата на Уставот и сите негови членови каде се спомнува Република Македонија.

Праша дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања и ултиматуми, додавајќи дека со овој договор се отвораат повеќе прашање отколку што се затвораат и смета дека тој ќе предизвика несогледливи последици за Македонија и македонскиот народ. ЕУ и НАТО, рече Иванов, не смеат да бидат алиби за штетен договор и тој не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира.

- Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната независност. Погазено е се што е свето за Република Македонија, истакна Иванов.

На крајот од обраќањето тој повтори дека нема да поддржи и потпише, како што рече, ваков штетен текст на договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...