Се договара соработка со Мајкрософт

Финишираме план за соработка со една од најмоќните глобални ИТ компании во светот, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со делегацијата на компанијата Мајкрософт што ја предводеше Филип Рог, претседател на компанијата за Централна и Источна Европа.



На средбата, информираат од владината прес-служба беше разговарано за финиширање на подготовките кои треба да се преточат во договор за соработка на Владата на Република Македонија со Мајкрософт, кои беа започнати во Давос оваа година.

Премиерот Заев информираше на средбата дека Владата е особено заинтересирана за целосна дигитализација на јавната администрација, како една од целите на Стратегијата за информатичка и компјутерска технологија, која за приоритет има побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните.

Во разговорот беше истакнато дека воведувањето на модерна и технолошки напредна инфраструктура, со соодветно обучена администрација и пријателски дигитални услуги се предност и кога станува збор за привлекување на директни странски инвестиции, како и за приватните компании во земјата, на кои ќе им биде максимално олеснета комуникацијата и извршувањето на работите на инвеститорите низ дигитализираните процедури.



Посебно внимание на денешната средба беше посветена на темата сајбер безбедност, и на можностите што Мајкрософт може да ги понуди на овој план, за да се обезбедат владините комуникации и за да се реагира на сајбер нападите брзо, одговорно и ефикасно, како и за потребата од компатибилност на безбедносните системи и протоколи со оние на НАТО и на ЕУ.

Во разговорот Заев истакна дека од идната соработка со Мајкрософт очекува и дигитални решенија и напредна технологија, апликативна во образованието за да им се овозможи на младите да се стекнат со знаења и вештини во дигиталната технологија која ќе ги направи конкурентни на пазарот.

Од компанијата Мајкрософт потенцираа дека тие се запознаени и со внимание ја следат имплементацијата на владините програми за поддршка на ИТ компаниите и секторот и дека се подготвени да земат учество во поддршка на стартап компаниите и акцелераторите во бизнисот со информатичка технологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...