Почина Никола Саздовски –момчето кое беше брутално претепано во Автокоманда

Утрово во 8.00 часот почина Никола Саздовски (21), кој на 29 јуни физички беше нападнат од страна на три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“.



На 30 јуни Министерството за внатрешни работи соопшти, дека на 29 јуни, околу 17.30 часот, Саздовски бил физички нападнат од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“). По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот.

Раководителот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.

- Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите, додаде доктор Мојсова.

По инцидентот, две лица беа приведени во полициската станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...