Зоран Заев: Македонија заслужи да прослави

Прославата што е најавена за утре во повеќе градови низ Македонија, во врска со врачувањето на поканата Македонија да почеток на преговори за членство во НАТО, за премиерот Зоран Заев е многу вредна и има за цел да се одбележи децениската аспирација на РМ.

- Одлучивме музиката да ја донесеме кај граѓаните, а не со автобуси да ги носиме граѓаните да прославуваат. Секако секој има право да има свој став, рече премиерот
Тој појасни дека прославата се организира со одлука на Влада, концептот значи децентрализација, различна и квалитетна музика во многу градови, богата културна програма.

Впрочем целата програма, според Заев, е колку две театарски престави што ги финансира државата.
-Трошоците се од буџетот, појасни премиерот, а вклучуваат ставки за бина, озвучување, осветлување, надомест за музичарите, промоција...

Заев најави дека службите за односи со јавност веднаш ќе ја објават висината на трошоците откако ќе ги имаат целосните информации од сите субјекти кои се вклучени во настанот, кој, како што напомена, е поддржан и од локалните власти на овие 15 градови, пред се, со организациска и логистичка помош.

Премиерот апелираше до опозицијата да престане да сее омраза пред демократското мнозинство во Македонија.

- Македонија заслужи да прослави, затоа ја повикувам опозицијата да им честита на граѓаните и да престане да врши притисок врз музичарите кои на најтранспрентен и чесен начин учествуваат во прославата. Опозицијата треба да се одважи да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од сеење омраза, затоа што дури и музичарите и групите низ Македонија се граѓани кои ќе го соопштат својот став на самиот референдум, порача премиерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...