Над 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа

-Ние, левичарите, демократите и прогресивните граѓани, го поддржуваме Договорот, бидејќи сме против национализмот и ревизионизмот и се залагаме за мирно, солидарно, европско, балканско соседство, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и верските тензии, пишува во текстот потпишан од над 320 грчки интелектуалци, меѓу кои универзитетски професори, новинари, писатели, за поддршка на Договорот од Преспа.

Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија и Грција „ја обезбедува иднината на народите од двете земји, но и балканското соседство со мир, солидарност и заеднички развој“, целосно одговара на грчките позиции за сложено име со географска одредница и „јасно ги одредува политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија“.

- Ги почитува достоинството и правото на самоопределување на соседната земја. Го потврдува јазичниот договор (како што е признаено од нашата земја веќе со децении) и државјанството на соседната земја и ја покажува во пракса волјата на Грција за градење на стабилна иднина на пријателство и мир со „Северна Македонија“. Грција, како демократска и европска земја ги почитува одлуките и основните принципи на ОН, пишува во текстот.

Според грчките медиуми, својот потпис досега го ставиле вкупно 326 лица, а потпишувањето продолжува.
Меѓу потписниците има универзитетски професори, новинари, историчари, актери, режисери, писатели, адвокати ..., јави дописничката на МИА од Атина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...