Ердоган: Турција е подготвена за војна со сè што располага

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.

– Тајната на успехот на државите се крие во подготвеноста за војна во секое време, ако тие сакаат мир. Ние сме подготвени со се со што располагаме, нагласи Ердоган на средба со амбасадорите во Анкара.



– Тираните на светскиот систем не може грубо да посегнуваат на нашите постигнувања, за кои сме платиле со крв, додаде тој на адреса на САД, јави ДПА.

Во истото обраќање тој рече дека државата се наоѓа под економска „опсада“ која нема ништо заедничко со економските показатели.

Тој додаде дека очекува да продолжат нападите врз турската економија. Турската лира е на нов рекорден минимум во однос на доларот (7-1).

Ердоган наведе дека акциите на САД се удар во грбот на Анкара и дека се појавува „економски терор“ што се води на социјалните медиуми, но според него „ќе има казни за сите предавници“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...