Никола Тодоров ќе гласа на престојниот референдумот

Скопје, 17 септември 2018 (МИА) - Поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров денеска рече дека ќе гласа на престојниот референдумот.
Тој на денешната дебата на тема „Дебатираме за НАТО“ во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, со поддршка на МНР и амбасадата на Холандија, истакна дека кога партијата одлучила самите да донесат одлука, тогаш тој ќе излезе и ќе гласа.
- Македонија мора да е дел од НАТО и јас сакам да ја видам Македонија како дел од Алијансата. Во рамки на тоа е и мојот став. Јас го разгледав ставот на партијата во однос на референдумот и имам право да одлучам како сакам. Не излегувам од ставот на партијата, напротив сметам дека мојот став е во рамки на партискиот став. На овој референдум јас ќе излезам и ќе гласам „за“ ЕУ и НАТО, а „против“ договорот. Некој ќе рече нема такво прашање, јас ќе речам има. Се ми е јасно, јасен ми е контекстот, јасно ми е дека мораме да бидеме членка на НАТО, потоа и на ЕУ. Јасен ми е и регионалниот контекст, рече Тодоров.
Јасни се сите предизвици, посочи тој, кои можат да надвиснат над Македонија и во каква ситуација може да биде.
- Сите аспекти ми се многу јасни, но тоа е рационалното, а емотивното не ми дозволува да заокружам „за“. По мене ВМРО-ДПМНЕ не смее да бојкотира затоа што не смее да биде мала гласна изолирана група на граѓани коишто се контаминирани. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде силно мнозинство и затоа не смее да си дозволи да бојкотира. ВМРО-ДПМНЕ е уставотворна и државотворна партија и не може да дозволи да следи некои групи коишто заговараат бојкот. Друго ќе беше ако ВМРО-ДПМНЕ пред два-три месеци излезеше и речеше ние бојкотираме. Во ваква ситуација кога тој простор е заземен и воден од некои маргинални политички структури ВМРО-ДПМНЕ да биде партија која што ќе следи такви структури. ВМРО-ДПМНЕ мора да води, вели Тодоров

Тој додава дека би бил неконзистентен ако не излезе на референдумот затоа што, како што посочува, „ќе ми најдете 20 изјави и говори каде што велам дека тоа решение мора да помине на референдум“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...