Спасовски: Жалам за убиството, полицаецот бил примен во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 17 септември 2018 (МИА) - Жалам за настанот што се случи, го осудувам, но мора да истакнам дека македонската полиција реагираше веднаш и за неколку часа е утврден сторителот и изведен пред лицето на правдата. Тоа треба да биде поука бидејќи потпишување договор за работа на такви лица, кои не се достојни за полиција, беше одлика на некое друго време, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за свирепото убиство што во петокот го изврши 24-годишен припадник на полицијата.
По вчерашната произвика да понесе одговорност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово, рече, побарал информации кога полицаецот Енвер Тоска бил примен на работа.
- Сакам да ги информирам дека Митко Чавков е вистинската адреса каде треба да се обратат. ВМРО-ДПМНЕ го примила тој полициски службеник на работа во македонската полиција. И наместо да повикуваат на одговорност кон некој друг, нека се завртат кон себе и нека седнат во онаа бела зграда направена од маката на граѓаните на Македонија и нека одговорат кои се тие луѓе што придонесоа да се срами - не само македонската полиција, туку и македонската држава, истакна Спасовски во Сингелиќ, каде што претпладнево присуствуваше на отворање на Канцеларија за превенција.

Рече дека и досега многупати зборувал за работи кои ја уривале довербата во македонската полиција и го валкале нејзиниот и угледот на државата, спомнувајќи го прислушувањето во УБК, упадот во Собранието и најмногу од се, како што рече - начинот на кој беа примани кандидати за полициски службеници. Притоа нагласи дека вработен во полиција има поголема тежина од кој било друг вработен затоа што со униформата ја претставува државата.
-

Тоа значи дека треба да имаме и добри селекции, вистински правила кои треба да бидат испочитувани при прием во полиција, нагласи министерот за внатрешни работи, упатувајќи порака дека докрај ќе ја имаат неговата поддршка сите чесни и одговорни полицајци, но секој кој ќе го прекрши законот и правилата на службата ќе понесе сериозна одговорност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...