Чедомир Јовановиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина ја менува климата во целиот регион

Скопје, 19 септември 2018 (МИА) - Договорот меѓу Македонија и Грција влијае и на атмосферата во која се водат разговорите меѓу Белград и Приштина. Сега се поинакви околностите и се менува климата во целиот регион, изјави за МИА претседателот на Либерално-демократската партија на Србија Чедомир Јовановиќ.
- Со договорот меѓу Скопје и Атина се реши еден голем проблем. Во однос на тоа како тоа влијае врз разговорите меѓу Белград и Приштина, не можам да кажам дека ситуацијата е релаксирана, но многу полесно е да се разговара кога покрај себе ги имаш Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои се пријатели соработници подготвени да помогнат ако таа помош е потребна, оцени Јовановиќ.
Според него, климата во целиот регион е променета, а тоа особено дојде до израз, како што наведе „по влезот на Црна Гора во НАТО, Договорот меѓу Скопје и Атина, вашиот референдум што е од големо значење за земјата, потоа вашето членство во НАТО и договорот што ќе се постигне меѓу Белград-Приштина“.
- Тоа се историски процеси и одлуки кои имаат историска тежина. Во голема мера се стеснува просторот за оној вид политика по која регионот беше нарекуван „буре барут“, рече Јовановиќ за МИА.

Претседателот на српските либералдемократи денеска во Скопје присуствува на форумот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод десетгодишнината од нејзиното формирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...