Калавера: Евроатлантскиот пат на Македонија е преку договорот со Грција

Скопје, 21 септември 2018 (МИА) – Преговарачкиот процес за членство во Европската унија не е променет, ниту построг и потежок, само сме повеќе подготвени да помогнеме да успеете врз основа на досега научените лекции кои се основата на сите демократски општества, порача директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за пристапни преговори и соседска политика Геновева Руис Калавера на отворањето на конференцијата „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“ во организација на Секретаријатот за европски прашања.
Калавера ги повика сите вклучени во преговарачкиот процес да ги искористат сите алатки кои им стојат на располагање за подобри преговори за членство и напредок на патот кон ЕУ.
- Ставот на меѓународната заедница е јасен - договорот со Грција е историски и ги отвора можностите за просперитет и стабилност на земјата и регионот. На 30 септември имате исклучителна можност да одлучите и исцртате иднината на земјата, порача Калавера.
Нагласи дека се поставени јасни насоки за ставање на земјата на евроатлантскиот пат, почеток на преговори со НАТО и преговори за членство во ЕУ во 2019 година.
- Во скрининг процесот ќе ја гледаме секоја политика за да одредиме колку и како е подготвена земјата. Ова не е само техничка задача, туку има конкретно влијание на животот на секој граѓани. Ќе следиме каков е квалитетот на воздухот, водата и храната, образовниот систем, како и економијата на земјата, рече Калавера.
Реформите во судството, борбата против корупцијата, разузнавањето и администрацијата, нагласи таа, не се за задоволување на желбите на Брисел, туку за подобар живот на сите граѓани на Македонија.
Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер порача дека Македонија е подготвена за влез во долгоочекуваната следна фаза во ЕУ-интеграциите, односно дека се исцртани контурите во преговарачкиот процес и почеток на скрининг процесот во Брисел следната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...