Ахмети: Зачленувањето во НАТО е неповратен процес

Грчкиот Парламент во јануари ќе ја ратификува поканата за НАТО, за потоа овој процес да продолжи и со другите земји, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната дебата во телевизија Клан Македонија.



Тој уште еднаш јасно застана против идејата за организирање предвремени парламентарни избори.

-Предвремените избори не се решение за актуелните проблеми, а особено за веќе почнатиот процес. Грчкиот Парламент во јануари ќе ја ратификува поканата за НАТО, за потоа овој процес да продолжи и со другите земји. Тоа е еден неповратен процес. Повторно велам дека ќе најдеме енергија да ги поминеме овие настани без болка и без последици за процесите. Главната одговорност тука спаѓа врз СДСМ. Секако дека и ние не можеме да избегнеме од одговорноста, но има многу ресори каде ние немаме влијание. Таму, СДСМ има повеќе влијание како поголема политичка сила, изјави Ахмети во емисијата „Дебата„ на ТВ Клан Македонија.

Ахмети кажа и дека ДУИ се уште не се откажува од идејата за консензуален претседател.

– Ние сакаме консензуален претседател и секако дека можеме да зборуваме и за имиња, но за тоа е многу рано, потенцира Ахмети.

Тој негираше дека се дискутирало за нова владина реконструкција.

– Важните работи се движат во добра насока, иако не е направена детална анализа за нашите функционери. Не сакам да искажувам мое индивидуално мислење, без конкретна анализа. Овие работи ги дискутираме со партиските органи, но и со партнерите во коалицијата, затоа што одговорност и анализа ќе има. Политиките треба и се прават заедно и нормално е дека ќе ги дискутираме, рече лидерот на ДУИ на гостувањето во ТВ Клан Македонија .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...