Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Димитров за случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој пребега и побара азил во Будимпешта, соопшти МНР на Унгарија.



Сијарто му кажал на Димитров дека барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и дека унгарските власти ќе одлучуваат целосно според меѓународното право.

Во разговорот што бил инициран од македонска страна Сијарто нагласил дека Македонија и натаму може да смета на силната поддршка од Унгарија во процесот на интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, вчера потврди дека Груевски поднел барање за азил.

– Со оглед дека 10-тина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграции и азил во Будимпешта, соопштија од кабинетот на Орбан, нагласувајќи дека продолжува унгарската поддршка за Македонија која, како што е наведено, е стратешки партнер и сојузник на Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...