Македонскиот пасош 36. во светот

Македонија е на 36. место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направила интернет страницата Паспорт индекс за 2018 година.



Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За носителите на македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.

Од земјите во регионот пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на петто место, Словенија е на седмото место, Бугарија е на 10-то место, Хрватска на 11-то, по неа е Србија на 31 место, Црна Гора на 38, Босна и Херцеговина на 40, Албанија на 43 место, а најслабо рангирано е Косово на 81. место.

На прво место на ранг листата е пасошот на Обединетите Арапски Емирати, чии граѓани можат без визи да патуваат во 113 земји, а второто го делат Германија и Сингапур, чии државјани без виза влегуваат во 127 земји.

На дното на листата од вкупно рангирани 199 земји се Сирија, Пакистан, Ирак и Авганистан, кои без визи можат да патуваат во помалку од девет држави во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...