„Гардијан“ го фати Груевски во Будимпешта, еден месец по бегството од Македонија

Еден месец по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија поради избегнување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, новинар на британски Гардијан објави негова фотографија на Фејсбук.

– Го фатив жив! Пребеганиот екс македонски премиер забележан во Будимпешта, напиша дописникот на Гардијан од Будимпешта, Даниел Нолан на Фејсбук.

На фотографијата, прва откако е избеган од Македонија, се гледа Груевски и уште едно лице во близина на пивница во главниот град во Унгарија.

Груевски ја напушти Македонија на 12-ти минатиот месец. Со помош на унгарски дипломати, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија.

Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

Во тек е истрага за тоа како побегнал Груевски и кој му помогнал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...