Тринаесет жртви во сообраќајката кај Карпалак

Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.



Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

-Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани, 4 се на интензивна нега, двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во ургентниот центар се примени пет пациенти, тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

-Искрено жалам, изреагиравме веднаш кога ја добивме информацијата. Сите екипи на Итна помош беа на лице место, се даде соодветна помош и се продолжува текот на лекување кај пациентите кои се сместени во болничките установи. Се надевам дека нема да има дополнителни компликации  и дека тие што се во тешка животно загрозувачка состојба ќе ја надминат, рече министерот.
 
-Го знаеме идентитетот  на пациентите што се примени свесни, а во моментов полицијата работи на утврдување на останатите. Нема деца меѓу повредените, но има лица на 25-30 години, информира Филипче.

Лицата што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. Една пациентка е почината во Старата градска болница, а петмина во ГОБ 8 Септември.

Повеќето пациенти хоспитализирани во ГОБ, дополни министерот се политрауматизирани со опфатени повеќе системи. Возачот на автобусот не е меѓу загинатите.

Министерот не можеше да каже дали се работи за работници кои се превезувале дома, како што информираа некои од медиумите.

-Полицијата разговараше со возачот, можете да ја прашате, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали возачот имал инфаркт.

Како што информира директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов, во  оваа болница се донесени 33 пациенти од кои пет биле починати. Меѓу згрижените има и млади, веројатно од машки пол, но деца нема.

-Повикани се сите медицински екипи и ангажиран е цел пероснал. Повредените се сместени во новиот траума центар и отворени се четири хируршки сали, нагласи Костов, додавајќи дека за кратко време Ургентниот центар ќе биде подготвен за 24 часовно нормално функционирање.

Во ГОП 8 Септември се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пратеникот на ДУИ Артан Груби, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Репортерот на МИА, кој е на лице место нагласи дека има над 20 амбулатни возила, но дека во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.  На местото на несреќата пристигнале и припадници на специјални полициски сили и хеликоптер на АРМ.
Несреќата според очевидци се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата. ОД МВР засега нема официјално соопштение за причините за несреќата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...