Ангелов: Жал ми е за настаните од 27 април, јас не сум терорист

Учеството во протестите „За заедничка Македонија” за Горанчо Ангелов од здружението „Ќосето” кој е обвинет за настаните од 27 април во Собранието, било од патриотски причини.

Ангелов пред судиите потсети на настаните од 2017 година за кои рече дека кога тргнале од „Дион“ кон Собранието вратите веќе биле отворени и влегле внатре. Имал маска која ја ставал и ја вадел, и толку бил збунет што не знаел што прави. Влегол во ходникот до прес-салата и излегол откако видел дека внатре имало „кавги“. Тој тогаш го напуштил Собранието и седнал на клупа во Жена парк. Таму му пришол Горан Бошковски и му рекол да се врати назад да му помогне на Сашо Марковски да не го нападне некој. Ангелов влегол внатре и добил задача да седи во портирницата од споредниот влез на Собранието. Додека бил таму започнала акцијата на полицијата и повторно се вратил во Жена парк. Ангелов рече дека му е жал за тоа што се случило и дека не е терорист.

Дека бил воден од срцето, а не од разумот во завршните зборови, се изјасни обвинетиот Игор Југ, кој за себе рече дека е човек кој помага на други, а никогаш за себе и за своето семејство. Рече дека е дете на комунисти, но и дека е доживотен следбеник на десното крило на ВМРО и дека негов идол е Тодор Александров. Учествувал на протестите затоа што не сакал менување на името и Уставот, а помалку па да се прават странски платформи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...