Заев и Мицкоски се договориле да има кристално чисти и фер претседателски избори

Работни групи на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ од денеска ќе работат на новиот предлог закон за јавно обвинителство со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство, најавија по вечерашната средба во Владата премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На средбата се разговарале за обезбедување услови за одржување фер и демократски претседателски избори и за реформските закони, меѓу кои се и законите за разузнавачките служби.

Заев и Мицкоски не разговарале за предвремени парламентарни избори, а не било прифатено барањето на ВМРО-ДПМНЕ на нивен предлог да се избира државниот јавен обвинител.

– Ќе обезбедиме изборите да бидат кристално чисти што е важно и од државен и од партиски аспект, изјави Заев, посочувајќи дека верува оти во предизборието, текот на изборната кампања и на самиот изборен процес сите политички чинители ќе делуваат во таа насока за да не се даде ниту еден аргумент на Европската унија што би бил слабост во пресрет на добивањето датум за преговори во јуни.

Според Заев, било договорено 20 дена пред почетокот на кампањата да завршат сите јавни настани и промоции, а доколку е потребно на одредени места посочени од опозицијата да се повика на дополнителен мониторинг.

– Фаворити сме со Стево Пендаровски и тоа е најголемата гаранција за кристално чисти избори за да има поголем легитимитет и да биде претседател на сите граѓани, дури и на тие кои гласале за противничкиот табор, изјави Заев.

Договорено е во текот на изборите да комуницираат изборните штабови.

– Нашите ставови се јасни, ова Специјално јавно обвинителство треба да се вгради во јавно-обвинителскиот систем на Република Северна Македонија, каде што треба да му се даде шанса на овој капацитет кој е создаден во државата да продолжи на чело со Катица Јанева и целиот тим, не само обвинители, туку и истражители, целиот тим и да биде репер и на тоа ниво ги подигаме капацитетите на останатите јавни обвинителства, потенцира премиерот Заев.

Очекува низ разговорите да се создадат услови законот да се поддржи консензуално.



– Треба некаде до крајот на март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме сите реформски закони, вклучително и овој закон. Значајно е што во самиот закон има лимитирање на користењето на неовластените прислушкувани материјали, а тоа дава за право и опозицијата да го земе ова за алатка, да овие капацитети на севкупното јавното обвинителство му дадат шанса да видиме како ќе се однесува кон владејачката гарнитура, рече меѓу другото премиерот и лидер на СДСМ, Заев.

Нагласи дека ќе даде поддршка на ова СЈО и на сите личности кои работат во него, заради тоа што, посочи, тоа СЈО беше искрата на надеж за враќање на правната држава.

– Сите тие луѓе почнувајќи од Катица Јанева ќе ја имаат мојата поддршка како политичар доколку дојде јас да одлучувам за таа работа. Одлуките ги носи Советот на јавни обвинители, а тоа е предвидено во закон, појасни тој и додаде дека ќе остане зад нив до самиот крај.

На прашање на новинарите за обвинувањата од опозицијата за политичко влијание врз СЈО, Заев со одговор „апсолутно не“. Истакна оти конечен гарант дека нема политичко влијание е меѓународната заедница.
Според Мицкоски, средбата била корисна за релаксирање на политичките околности за кредибилен изборен процес и претседателска трка и за неопходната реформска агенда за државава да добие датум за преговори со ЕУ.

Мицкоски посочи дека изнеле забелешки во насока на обезбедување кредибилни претседателски избори и дека меѓу останатото, потенцирале места за кои имале докази за неправилности за време на референдумското изјаснување.
Многу нешта, потенцираше Мицкоски, ќе зависат од Владата бидејќи таа ги организира изборите.

– Разговаравме и за законот за јавно обвинителство, предлог текстот го добивме во четврток така што немавме многу време да се посветиме на супстанцата на самиот закон. За нас значајно како политичка партија е тоа што овој специјален јавен обвинител го загуби комплетниот и личен и професионален кредибилитет за да ја добие нашата поддршка во иднина. Принципиелно интегрирање на СЈО како дел од Јавното обвинителство можеме да го отвориме како тема и да го дискутираме бидејќи е дел од сетот реформски закони, рече меѓу другото Мицкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...