ЦСУ евидентирал над 300 диви депонии и 1500 селски буништа

Во изминатите десет дена, во рамки на акцијата за прогласување на депониите и ѓубриштата за автентично културно наследство, Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје посети над 200 депонии низ цела Македонија. Според сознанијата до кои дојде Центарот, на територијата на државата има преку 300 диви депонии и речиси шест пати повеќе односно над 1500 диви селски буништа и ѓубришта.

Како најзагрозени и најбогати со депонии и ѓубришта од ЦСУ ги посочуваат Полошкиот регион, а зад него Скопскиот и Кумановскиот регион. Најубавите и најразвиените депонии што се истакнуваат со својата диверзитетност и богатство, а едновремено и најдобро го упропастуваа пејзажот ги обележаа со пригодни табли, односно ги прогласија за национално културно наследство.

– Интересен е фактот дека најголемото ѓубриште е долго преку 30 км и се наоѓа по двата брега на течението на Вардар од Гостивар до Јегуновце каде практично куповите ѓубре, шут, стар мебел и отпад циклично се редат преку 30км а најголемата раздалечина без ѓубре на овој терен е неполн километар.

Во рамките на оваа акција наменета за поддршка на иницијативите кои се борат за справување со ѓубрето и ѓубриштата со пригодни табли беа маркирани 30тина ѓубришта и депонии во Скопскиот, Полошкиот, Кичевско-Охридско-Струшкиот и други региони низ Македонија, велат од Центарот.

Акцијата е дел од проектот „Креативни заедници на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...