Потпишан договор за укинување на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Северна Македонија потпиша договор за целосно укинување на роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ. Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и ресорните министри од Западниот Балкан во рамките на вториот дигитален Самит во Белград.



-Согласно договорот, намалувањето на цените ќе почне од ова лето, а целосно ќе биде укинат кон средината на 2021 година. Како што кажа еврокомесарката Марија Габриел, овој договор беше предуслов за отпочнување на постапката за укинување на роамингот кон ЕУ. Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави министерот Манчевски.

Договорено е идната недела посебно Регулаторно тело да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година.

Како што изјави министерот Манчевски, следниот месец Северна Македонија и Србија ќе го потпишат Договорот за признавање на електронските документи и дигиталните сертификати.

-Ова е од огромно значење за граѓаните и пред се за фирмите, поради тоа што многу полесно ќе се комуницира и ќе се отвори вратата за заедничкиот проект кој веќе го најавија српскиот претседател и премиерот Зоран Заев, а тоа се оне стоп царинските премини помеѓу двете земји, изјави Манчевски.

На Самитот водени се разговори и за воспоставувањето на регионален тренинг центар за сајбер безбедност чие седиште треба да биде во Скопје, што ќе биде финализирано на следниот самит во Тирана.

Вториот дигитален самит во Белград го отвори српската премиерка Ана Брнабиќ, а на него учествува и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации Хоулин Ѓао.

На дводневниот самит учествуваат 3.000 претставници од ИТ индустријата и стопанството од 30 економии од Западниот Балкан, Европа и светот, меѓу кои повеќе експерти од Северна Македонија.

Во рамките на Самитот, на кој се предвидени 200 говорници, ИТ компаниите во регионот имаат можност да се престават, да разменат идеи и да дадат предлози за унапредување на ИКТ секторот во овој дел од Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...