Џафери: Нема основ Собранието да постапува за Богоевски, надлежни се други институции

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека нема уставна ниту деловничка основа да покрене постапка во случајот со пратеникот Павле Богоевски и очекува ефикасно постапување на надлежните институции за целосно расчистување на случајот.



-Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Собранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. Претседателот на Собранието очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот, се наведува во ставот соопштен од кабинетот на Џафери.

Од Владата, пак, за случајот со пратеникот Павле Богоевски упатуваат дека одговорите треба да се бараат во Собранието, бидејќи во нивна надлежност се прашања или случувања кои се однесуваат на одговорноста на владини функционери.



-Во овој конкретен случај имајќи предвид дека станува збор за пратеник кој е дел од законодавната власт сметаме дека е потребно овој одговор да го дадат во Собранието. Инаку, конкретно во однос на поднесената пријава од страна на пратеникот сите засегнати институции ќе постапат според прописот со цел расветлување на случајот, особено за снимањето и емитувањето на материјалот кој е забранет, како и за самоиницијативно поднесената пријава од страна на пратеникот Павле Богоевски, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

На руската мрежа „Вконтакте“ на профилот „Илија Громовник“ деновиве беше објавена аудио снимка на која се тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин. Пратеникот Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но кажа дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис. За неовластеното прислушување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик тој во ПС Центар поднесе пријава и рече дека очекува сторителот да биде изведен пред правдата. Се пријави и самиот себе си во одделот за борба со недозволена трговија и шверц затоа што нарачувал масло од канабис, но вели тоа го направил за блиска личност за медицински цели, а не за пуштање во продажба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...