Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш

Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш, истакнале помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер и сенаторот Рон Џонсон на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава.



Американскиот помошник државен секретар, Рикер, добар познавач на Балканот и поранешен амбасадор на САД во нашата земја, ја потенцирал поддршката на САД на европската перспектива на нашата земја.

-Северна Македонија со своите решителни чекори и храбри решенија заслужи членство во НАТО и јасна европска перспектива, истакнал Рикер и најавил дека САД се активни во разговорите со европските сојузници околу потребата за позитивна реакција и од ЕУ на покажаниот успех.

Рикер изразил надеж дека летово Северна Македонија ќе добие позитивен одговор од Европскиот совет, односно отворање на преговорите со ЕУ.

Сенаторот Џонсон ја поздравил и поддршката на граѓаните за храбрите чекори на Владата и најавил дека очекува брзо и ефикасно заокружување на процесот за ратификација на протоколот за членство на Република Северна Македонија во американскиот сенат. Севкупниот процес на ратификација, посочил тој, е на брза трака и очекуваме да се заврши успешно до крајот на годината.

Министерката Шекеринска изразила благодарност за поддршката од САД како стратешки партнер на државата.

-НАТО навистина го одржа зборот. Имаме брз и ефикасен процес, ратификациите се одвиваат одлично. Се надевам дека Европската Унија ќе го следи овој пример и ќе ги почне преговорите. Членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ беа главните мотиви за решенијата на проблемите кои стоеја на патот кон овие стратешки цели, посочила министерката.

Средбите со помошникот државен секретар Рикер и сенаторот Џонсон беа одржани на маргините на форумот ГЛОБСЕК во Словачка, каде се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...