Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок

Луксембург, 17 јуни 2019 (МИА) – Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу.

Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, комесарот Хан посочи дека земјите членки сѐ уште преговараат на оваа тема.

-Можам само да повторам дека треба да се отворат што е можно побргу затоа што направија сѐ, не е само сигнал за Северна Македонија, туку за целиот регион, порача Хан пред состанокот.

Комесарот оценува дека недоделувањето датум за преговори во најкус можен рок за Македонија може да влијае врз српско-косовскиот дијалог.

-Ако ги отвораме повторно преговорите со Србија и Косово, тие треба да видат дека инвестирањето во изнаоѓање политички компромис се наградува, инаку нема да имаат мотивација, мислам дека е важно луѓето да разберат колку е важно да и се даде сигнал на една земја во интерес на целиот регион, рече Јоханес Хан.

Засега во нацрт-заклучоците на ЕУ, се предвидува септември 2019 како датум за преговори за Албанија и Македонија, но тоа не е доволно според Хан.

-Не го сакам зборот компромис во овој контекст, тоа е нешто што морам да го прифатам. Мојот предлог беше дека секогаш кога една земја исполнува, и ние мораме да испорачаме, затоа и секое одлагање носи ризик, а јас не сакам да има ризик онаму каде е непотребно, изјави комесарот Хан.

Запрашан која е неговата порака до Франција и Холандија, кои имаат најголем отпор кон отворањето преговори со Скопје и Тирана, Хан ги повика да ја имаат на ум регионалната ситуација во целост.

-Една земја енормно инвестираше во својата европска перспектива, лидерите покажаа храброст и лидерство, и ако не ја наградиме ние губиме одговорност и кредибилитет, како и влијание, сѐ што инвестиравме во последните години е во опасност ако не се држиме до нашите ветувања, предупреди Хан. тм/вг/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...