Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа

Универзитетите од Северна Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот.



На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година, на прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.

Во првите десет најдобри универзитети се и МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калтеч и Чикаго.

Во Европа, по Кембриџ и Оксфорд, најдобро рангирани се Универзитетот во Лондон, Универзитетот Цирих, британскиот Империјал колеџ и Копенхашкиот универзитет.

Од земјите во регионот, најдобро позициониран е Националниот универзитет во Атина меѓу 300 и 400 место, а Солунскиот „Аристотел“, Белградскиот и Загребскиот се меѓу 400 и 500 место. Љубљанскиот е меѓу 500 и 600, Мариборскиот и Сплитскиот меѓу 700 и 800, а на Шангајската листа се уште и универзитетите во Софија и во Нови Сад, кои се позиционирани меѓу 900 и 1009 место.

Најдобриот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на светската ранг листа е 1.568-ти. На национално ниво втор е Штипскиот „Гоце Делчев“ (3.279 во светот), трет е Универзитетот на ЈИЕ (3.881), четврти Државниот универзитет во Тетово (4.912), а на петто место е Битолскиот „Св. Климент Охридски“ (5.697).

Шангајската листа, што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај, е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...