Фетаи: Не е битно кој ќе гони, битно е тие што се огрешиле пред законот да одговараат

-Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата коишто ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи.



– Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани. Сепак, треба да ја гледаме онаа поголемата слика односно повисоката цел. Тоа е во моментов да изнајдеме начин да не дозволиме односно да спречиме тие што се огрешиле пред законот да не одговараат, нагласи Фетаи.

Во таа насока, според Фетаи, каква и да е крајната одлука која што ќе биде донесена во однос на судбината на предметите на СЈО, најважно е тие да продолжат без разлика кој ќе ги застапува.

– Независно од тоа дали ќе биде одлуката дека ние ќе продолжиме да ги застапуваме тие предмети или пак други обвинители сепак таа одлука би било подобра од било кој друго решение коешто го посакуваат одредени политичари во моментот, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение коешто ќе значи целосно или делумно одбегнување на кривичната одговорност, изјави Фетаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...