Северна Македонија и Црна Гора потпишаа спогодба за признавање на доверливи услуги

Северна Македонија и Црна Гора денеска потпишаа спогодба за заедничко признавање на квалификувани доверливи услуги и на шемите за електронска идентификација.



Спогодбата ја потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и црногорската министерка за јавна администрација Сузана Прибиловиќ.

Потпишувањето на спогодбата значи дека електронските документи издадени од институциите во Северна Македонија како што се Централниот регистар, Царината, Управата за водење на матични книги и други ќе бидат подеднакво признаени и во Црна Гора. Истото, ќе важи и за документите извадени по електронски пат во Црна Гора.

– На овој начин, за граѓаните од двете земји ќе се намалат административните процедури и времето потребно за издавање на овие документи, истакна Манчевски, додавајќи дека со потпишувањето на спогодбата, двете држави како дел од Берлинскиот процес покажуваат дека сакаат и можат да работат заедно, односно дека се подготвени да ги совладаат бариерите меѓу државите во регионот.

Спогодбата, како што наведува Министерството за информатичко општество и администрација, ќе придонесе кон зголемување на соработката и развојот на економските активности меѓу двете држави и кон забрзување на процесот на дигитална трансформација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...