Ако ЕУ не донесе одлука за преговори тоа ќе значи дека не го почитува и го казнува Преспанскиот договор

Ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг.

-Сите велат дека Преспанскиот договор досега е еден од најдобрите примери на Западен Балкан. Ако ЕУ го казни овој договор со одлагање на пристапните преговори со Северна Македонија, како може тогаш да се очекува дека ќе биде најдено решение за косовското прашање, или како ќе се мотивираат босанските лидери да најдат решение во БиХ, рече Заев.

Тој сепак се надева дека лидерите на ЕУ ќе дадат зелено светло за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Посочува дека ниедна земја членка нема забелешки кон нас, туку проблем е само барањето на Франција за реформа на преговарачкиот процес, кој според Заев може да се одвива паралелно со процесот на проширување.

Северна Македонија, нагласува Заев, нема друга алтернатива освен ЕУ, и нема да отстапи од европскиот пат. Според него, натамошното одложување на стартот на преговорите може да предизвика пад на Владата во Скопје, но оти на нејзино место ќе дојде друга која ќе го продолжи европскиот пат.

– Поради ова го променивме нашето име, направивме договори со Грција и Бугарија и ги унапредивме односите со другите соседи. Верувам дека ЕУ ќе не мотивира да продолжиме со работа и да постигнеме уште поголеми успеси, изјави Заев за Танјуг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...