|
|
|
АВМУ: Ниту е побарана, ниту е одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВАгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека досега од нив не е побарана, ниту одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВ.
По пишувањето во дел од медиумите дека 1ТВ има нов сопственик, од АВМУ преку соопштение појаснуваат дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не смее радиодифузер да направи промена на сопственичка структура пред таа да биде одобрена од страна на Агенцијата.
– Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена. Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ, се наведува во соопштението.
Од АВМУ додаваат дека во изминатиот период презеле низа активности во насока на тоа да се утврди дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот.
– Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија, велат од АВМУ.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Се фали Трпе пред другарите: - Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака! Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
|
|
|
|