Борисов: Заев да не поднесува оставка, ништо не е завршено

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го советува премиерот Зоран Заев да не поднесува оставка ако сега не биде донесена одлука за почеток на преговорите со ЕУ, зашто има уште многу работи да се направат, а одложувањето од неколку месеци не е вечност во тој процес.



– Јас разговарав со Заев и мојот совет до него беше да не си поднесува оставка зашто заврши многу работа и има уште многу што да се направи. Ништо не е завршено, туку е одложено. Едноставно е одложено за време на претседавањето на Хрватска. Фактот што не се договоривме да има пишани заклучоци од состанокот кажува дека огромното мнозинство од државите на ЕУ се за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска Борисов пред продолжението на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Прашан за противењето на Франција во однос на проширувањето, рече дека не може да зборува во името на другите држави, но, како што наведе, може да каже дека ниту една држава не кажала „не“.

За можните внатрешно-политички последици во Македонија од одложувањето на одлуката за преговори, Борисов рече дека тоа ќе го покаже времето.

– Сакам да потсетам дека кога Бугарија се подготвуваше за членство имаше цивилизиран дијалог меѓу власта и опозицијата и сите политички партии дека тоа е наш европски пат. Ако во Северна Македонија или во Албанија има партии кои можат во еден момент да се вратат назад тоа е исто така голем ризик, но времето ќе покаже. Постои емоционален момент, вложија многу напори, ниту една држава не го сменила името, изјави Борисов.

Евентуалното одложување од неколку месеци, според него, може да се искористи и за постигнување договор на мешовитата комисија околу отворените прашања од историјата на Бугарија и Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...