Усвоени измените на Законот за минимална плата

Собранието со 59 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“, попладнево го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка.

Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ информира дека предлагаат ново зголемување на минималната плата од 14.500 денари кое ќе важи од декември 2019 година заклучно со март 2020 година кога, како што рече, очекуваме да имаме законско усогласување и вака како што сме тргнале ќе дојдеме и до платата која ја ветивме во нашата предизборна кампања, до минимална плата од 16.000 денари.

Таа посочи дека тоа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не и одговара. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ парите ги давало за непродуктивни работи, како „Скопје 2014“, жални врби, исушени палми…

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го поддржат законот, но сметаат дека тоа е популистичка мерка пред избори и оти не е објаснето како е стасано до сумата од 14.500 денари бидејќи не е приложена никаква анализа.

Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека принципиелно ќе гласа и ќе го поддржи овој закон бидејќи, како што рече, секогаш ќе бидам на страната на работниците и секое законско решение што нешто значи за нив, ќе го поддржам.

Тој посочи дека откако се распишаа изборите се ќе им се ветува на сите и праша што ќе се случува со економијата во земјава по изборите. Смета дека е потребно да се подобри бизнис климата во која, како што рече, има неизвесност и таа се влошува. Потребно е зголемување на продуктивноста на вработените и да се преземе нешто зошто високостручните кадри заминуваат во странство. Според него, треба драстичен хируршки зафат, владеење на правото, правна регулатива и сигурност.

Пратениците попладнево во рамки на 116. седница со 62 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас против го донесоа и Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, по скратена постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си игра едно детенце во градинка, кога му приоѓа едно девојче и го прашува:
- Сакаш да си играме заедно?
- Сакам. А, која игра ќеја играме?
- Ќе ти кажам, ама ти прво кажи ми...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Роден е англискиот крал Хенри Шестти,...
1492.- Христофер Колумбо го откри островот...
1507.- Германскиот картограф Мартин Валдземилер...
1779.- Умре Жан Батист Шарден, француски сликар....