Ќе го следи ли некој друг примерот на Трајче од пазарче?

Досетливо момче од Скопје нашло начин како да им помогне на постарите лица додека трае вонредната ситуација во земјава поради коронавирусот и додека сите сме во изолација.

Им доставува до дома основни прехранбени производи. Нарачките ги подготвува веднаш. Не треба да помине многу време додека се најдат на нечија трпеза.



Притоа, вели, строго се запазени мерките за заштита од КОВИД-19.

„Трајче од пазарче“.

На вака едноставно насловениот „флаер“ што кружи по социјалните мрежи, може да се прочита бројот на мобилниот телефон на Трајче, уредно се запишани производите што тој ги нуди заедно со цените, а објаснет е и начинот на реализирање на испораката. Мотото е – „Свежо овошје и зеленчук директно до вашиот дом“.

Трајче Ристевски, скопјанец, е тезгаџија од пазарчето во Ѓорче. Сака да им помогне на сите, но најмногу на постарите. Впрочем, така стои и на „флаерот“: „Да ги заштитиме повозрасните да не доаѓаат на пазар“.

-Граѓаните полека почнуваат да ја прифаќаат мојата идеја пласирана преку социјалните мрежи. Нарачки имам, главно од повозрасни, но, секако и од помлади луѓе во градот. Нудам речиси се од овошје и зеленчук. До утре важат цените наведени на „флаерот“, а од 27 март ќе ги договараме на мобилен, вели Трајче.

Банана (68 денари), цитрон (62), јаболка (35-55), киви (85), лимон (155), портокал (65), домат (95), краставица (77), лук (15), морков (35), кромид (43), марула (20). Трајче нуди и гравче (126 денари за килограм), компир (28) и ориз (60).

Најголем дел од нарачките засега му се во Центар, Капиштец и Бутел.

-Испораката е веднаш, истиот ден. Колку порано се направи нарачката, толку порано ќе биде и доставена. Плаќањето е на рака, исто како на пазар, истакнува Трајче.

Неговата намера е благородна, останува граѓаните да проценат колку цените што тој ги нуди за нив се прифатливи. Во меѓувреме, можеби ќе се појави уште некој „Трајче од пазарче“.

Мирјана Чакарова



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...