|
|
|
Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.
Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.
Министерот за здравство Ванко Филипче вчера на прес-конференција соопшти дека Комисијата од Министерството, го завршила увидот во сите, освен една приватна институција, односно, во двете приватни болници „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“, а во текот на утрешниот ден и во лабораторијата „Биотек“.
Според него, за искористување и на тие капацитети, во Фондот веќе работат на пронаоѓање модел на соработка.
Согласно мислењата на епидемиолозите, појасни министерот, ќе се зголеми бројот на потребните тестирања.
-Системот за мобилни тестирања е подготвен и тој ќе почне да се применува следните денови со Скопје, нагласи Филипче.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Се фали Трпе пред другарите: - Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака! Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
|
|
|
|