Приведени две момчињата кои физички малтертираa девојче

На социјалните мрежи утрово протече видео на кое се гледа како две момчиња физички напаѓаат девојче и ја прашуваат дали е бремена, по што Министерството за внатрешни работи презема мерки.



По бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на неговиот Фејсбук профил напиша дека Секторот за внатрешни работи – Штип преземал мерки за случајот.

– Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи – Штип се преземени мерки за утврдување на идентитетот на лицата, кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р, наведе Чулев.

Тој посочи дека за конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.

– Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот, посочи Чулев.

Основното јавно обвинителство во Штип, како што соопштија, отворило предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.

– Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица. Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата, наведоа од ОЈО Штип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...