Николоски: Се работи домаќински и со план

Скопје, 7 јули 2020 (МИА) – Луѓето на Истокот на изборите претходно беа под притисок, под закани, под уцени. Посебно земјоделците, работниците. Тоа време е минато. Работниците се наша светост и ние ќе продолжиме да ги штитиме нивните права. Затоа денес покажавме дека може да имаме повисока минимална плата од 9.000 на 14.500 и тоа еднаква и во текстилната и во кожарската индустрија. За сите од овој регион, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“ од синоќешната трибина во Штип.

Тој нагласи дека во Источниот регион се инвестира и се гради како никогаш досега, а поддршка има и за сите категории граѓани.

-Овозможивме да има зелена нафта, која до крајот на мандатот ќе биде покриена 100 проценти, има поголеми субвенции, направивме многу капитални проекти. Нема регионален пат што не е направен од Делчево до Лозово, од Крива Паланка до Штип. Три од четири експресни патишта се градат на Истокот. Истокот да биде уште поповрзан, да се тргува, да ги вратиме нашите Македонци, а да ги извезуваме нашите брендирани прозводи. Автопат Миладиновце – Свети Николе-Штип, го оставија многу проблеми кои ние требаше да ги поправаме и на кои изгубивме многу време, рече Николовски, соопшти СДСМ.

СДСМ и Коалицијата „Можеме“, дополни, ја нуди чесноста и одговорноста државата да продолжи по вистинскиот пат.лв/са/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...