Нови 120 случаи со Ковид-19, петмина починати пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1. Починати се пет пациенти од кои двајца од Скопје, еден од Куманово и двајца од Тетово. Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1, соопшти Министерството за здравство.



На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите Ковид – 19 е дијагностициран постмортем.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3487, активни 1941

• Куманово 805, активни 197
• Дебар 116, активни 64
• Штип 394, активни 160
• Прилеп 283, активни 53
• Тетово 789, активни 373
• Струга 274, активни 173
• Велес 198, активни 44
• Битола 63, активни 22
• Охрид 209, активни 180
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 173, активни 103
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4,
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 18
• Пробиштип 28, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3,
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 47, активни 42
• Кичево 49, активни 40
• Ресен 122, активни 84
• Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1367 теста се преку: ИЈЗ-628, Авицена-100, Биотек-134, МАНУ -115, Клиника „Жан Митрев“ -258, Систина со PCR метода -116, ЦЈЗ Битола-16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти од кои на кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и два суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 пациенти, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да претвориш мачка во свиња?
- Земи ја за жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк...
1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа,...
1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден...
1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот...