Новите мерки ќе дадат резултат ако се почитуваат, ова е последниот чекор пред воведување полициски час

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната конференција појасни дека дополнителните предлози од денешниот состанок на Комисијата за зарзни болести кои утре ќе се разгледуваат на Влада, за ограничување на работата на сите економски оператори до 23 часот се однесува на сите економски оператори каде што може да има групирање, а тука влегуваат пред се, угостителските објекти.



-Уште веднаш да кажам дека се разгледува заедно со економските министри начин како да им се излезе во пресрет и да им се помогне финансиски. Но секој еден таков угостителски објект, економски оператор кај што може да има групирање сакаме да не функционира. Значи, суштината на континуираното, и надвор и внатре носење на маски со ограничување на сите можности коишто може да ги предвидиме, а имаме искуство од периодот во кој порано препорачувавме мерки за време на вонредната ситуација, сакаме тоа да го спречиме, неносењето маски и групирањето, појасни Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во денешната изјава пре Владата.

Тој нагласи дека и досега имаше многу мерки, многу препораки, и оти никогаш немаше проблем таму кај што мерките се почитуваа.

-Секогаш нови и нови пациенти дијагностицирани и мини кластери имаше на местата каде што имаше протоколи и препорачани мерки, а тие за жал не се почитуваа. Искрено верувам дека веќе се граѓаните свесни. Еве, имаат увид, даваме отворени информации секојдневно за капацитетите на болниците, ова е последниот чекор пред воведување на полициски час, рече министерот за здравство.

Со законските измени кои се предлагаат тој напомна дека значајно се мултиплицира бројот на луѓе преку ангажирањето на повеќе инспекторати коишто може да прават и контрола и да спроведат санкција ако мерките не се почитува. Со препораката, пак, за намалување на бројот на вработени на затворено во државната и јавната администрација секој којшто не мора согласно распоредот на раководителите на сите институции може да работи од дома или во систем на смени и во систем на ротации и сето тоа, како што вели, очекуваат дека значајно ќе го намали и притисокот кон јавниот превоз.

Тој потврди дека вируст е навистина проширен насекаде и дека мерките кои понатаму би се носеле се единствено во сферата на ограничување на движењето, дали тоа ќе биде во одредени општини или на целата држава зависи од епидемиолошките податоци и анализите. Нагласи дека најризични мини жаришта во целата држава се градот Скопје со некои општини, Штип и Струмица.

-Овие мерки ќе дадат резултат, смета Филипче и укажа дека во целиот свет мерките се сведуваат на рестрикции на контактите, односно спречување на групирање и на носењето маски и потсети дека земјава е првата во регионот, која препорачала носење маски на отворено и на затворено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...