Заев: Се води сметка за набавките на вакцини за да не добиеме повеќе отколку што ни се потребни

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини за Ковид-19, и се прави одмерување зашто, како што наведе, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

– Прво не е работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со Фајзер и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800 000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Северна Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини, потенцираше Заев одговарајќи на новинарско прашање зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини.

Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

– Така што се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Фајзер, Астра зеника или се работи за Синофарм или за Спутник од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги исколкулирате сите количини. Така да не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така да не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...