Заев: На добар пат сме во јакнењето на правниот систем

Граѓаните треба да знаат дека сме на добар пат во јакнење на правниот систем на нашата земја, владеењето на правото, во истакнувањето на вредноста на секој судија и обивнител, што суди исклучиво по Устав, закон и сопствено убедување и никако поинаку. Го јакнеме менталниот склоп комплетно на целото општество и со нашите дебати овде дека никој не му должи никому ништо за да мора да му учини или слично. Очекувам ефикасност, поголема организација и во обвинителството и во судството,зголемена транспарентност, посебно за предметите каде јавноста е заинтересирана. Денеска најголем контролор над севкупното работење е нашиот народ, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето од пратеникот Миле Талески до каде се реформите во правосудниот систем.

Од парламентарната говорница премиерот Заев нагласи дека обвинителите и судиите не му должат никому ништо, ниту треба да учинат или да направат за некој нешто, треба да го исполнат тоа што граѓаните кои ги плаќаат очекуваат од нив, а тоа е, потенцира, да ја зголемат ефикасноста во својата работа, транспарентноста, да биде делењето на правдата еднакво за сите, од секој можен аспект, за да можеме да доживееме реформирано судство како трајна основа за сите други придобивки што народот ги очекува

– Конечна цел што сакаме да постигнеме е создавање услови за целосно манифестирање на интегритетот на судиите, а потребна е нивна целосна самостојност, независност, како и на сите други институции од правосудниот систем, потенцира премиерот Зоран Заев, додавајќи дека без владеење на правото без правен систем во кој веруваме тешко дека успешно ќе ги спроведеме сите други реформи, барем онака како што ги посакуваме.

Од досегашните реформи, посочи Заев, резултат е последниот случај со Сашо Мијалков.

– Треба да знаат нашите граѓани дека во држава, која 11 години беше окупирана држава со индиции за украдени стотици и стотици милиони евра, не е лесно во ваков систем на земја во развој со тенденција да стане полноправна членка на ЕУ и следниот чекор да биде отворање на поглавјата за преговори со ЕУ, во систем во кој последиците од 11 годишен режим оставиле свои траги и допираат до луѓето. Да дочекаме да имаме завршница на вакви крупни случаи што се симбол на борбата против криминалот и корупцијата. Среќен сум што македонското правосудство и обвинителство и за судство, кои ги донесоа предметите на својата завршница, еден дел се веќе завршени со правосилни судски пресуди, еден ден се пресудени на прв степен, еден дел се пред соопштување на пресуда, како што е еден од најважнните случаи Таргет тврдина. Закажана е за утре соопштување на пресудата и веројатно тоа беше причината зошто еден од обвинетите во тој случај Сашо Мијалков се пушти во бегство, изјави Заев.

Според премиерот Заев, целиот овој амбиент, како што рече, ја испрати пораката вчера дека може системот да биде ставен во функција, почитувајќи ги сите донесени закони, секој да ја одработи својата работа за да не му се исплати некој да бега од одговорноста, да ја напупшта државата или да се крие.

– Затоа Мијалков се предаде, заради тоа што нема начин како да се исплати или реализира самото бегство. Уште еднаш тврдам дека во мала земја како нас, посебно за некој што бил директор на УБК долги години, не е тешко да слушне дека некој побарал притвор, за да може да се крие 40 часа. Четириесет часа може и некој ситен џепарош, криминалец да се скрие, ама тој ќе биде пронајден ако системот функционира, рече меѓу другото премиерот Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...