Заев: Сите да ја примиме вакцината, само така ќе ја победиме пандемијата

Премиерот Зоран Заев денеска од Прилеп уште еднаш апелира сите граѓани да се вакцинираат против КОВИД. Ова е, рече, важна работа зашто само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја победиме пандемијата.



До сега, исткна Заев, вакцинацијата тече со предвидената динамика, но, како што бил информиран од министерот Филипче, 20 отсто од пријавените повозрасни граѓани не се јавиле на пунктовите.

Премиерот ја соопшти и динамиката на пристигнување на останатите количини вакцини во април и мај.

-Според последниот допис што го имаме, до крајот на април ќе стигнат 200.000, сите како цела количина. Нема да стигаат како другите со по три, осум, 20 или како се најавени. Јас уште еднаш да кажам дека почна вториот квартал, а во вториот квартал еве и „Фајзер“ ги најави 80.000 вакцини дека ќе стигнат. Тие ќе бидат поделени на седмици или на десетина дена како што ќе дојдат. Овој месец ќе стигнат вакцините од ЕУ. Од 651.000 за Западен Балкан, некаде околу 100.000 се за нас и ги очекуваме првите 20.000 или 25.000 да стигнат во април, па понатаму очекуваме на секои 15 дена да стигаат. Спутниковите следни количини ги очекуваме исто така во април да стигнат. Уште една количина до 100.800 вакцини очекуваме да ни стигнат од Ковакс механизмот .Стигнаа 24.000, значи 76.800 ги очекуваме до крајот на арпил месец. Сите овие 78.100 голем дел веќе се нормално искористени кај нашите здравствени работници коишпто до сега беа вакцинирани. Сите овие вакцини ни даваат право да веруваме за комплетниот континуитет, рече Заев по пуштањето во употреба на модуларната болница во Прилеп.

Тој потсети дека салата „Борис Трајковски“ во Скопје веќе се подготвува за масовна вакцинација.

-Знам дека министерот за здравство и неговиот тим вчера донесовме одлука на Владата синоќа ја спремаат „Борис Трајковски“ во Скопје заради тоа што една третина од населението ни живее во главниот град и тука навистина треба да направиме се што можеме час поскоро да имунзиираме односно да вкацинираме. Она што изненадува и не боли е што пријавените сите, односно тие што се над 75, 77 години се хронично болни, 20 отсто не се јавија на пунктовите. Апелирам да се јават сите, да ја примат вакцината, ова е важна работа, само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје, само на тој начин ќе ја победиме пандемијата, исткна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Заев уште еднаш изрази задоволство од српската поддршка.

-Тоа беше важно и посебно бев благодарен за интервенцијата на претседателот Вучиќ и српското раководство, а со тоа и на српскиот народ нормално, да токму сега ги даваат овие два пати по 20.000 вакцини за да кога почнуваме со 24.000 „Астра Зенека“ што минатиот викенд стигнаа да направиме комплетен континуитет без какви било задршки, рече Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...