Заев: Месецов во земјава треба да пристигнат над 300 илјади вакцини

Премиерот Зоран Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масона вакцинација да тече непречено. Вели дека во моментов согласно количината на вакцини што ја имаме капацитетите на вакциналните пунктови не се целосно искористени. Кога тоа ќе се случи, рече Заев, има можност, да се отворат и нови и во главниот град и во внатрешноста.



-Очекуваме во текот на април да пристигнат повеќе од 300 илјади вакцини. Очекуваме да стигнат првите вакцини од од 651-та илјада од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат 20 – 25 илјади од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот, рече Заев.

Тој вели дека се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Фајзер, со кој, вели, државата има договор за 800 илјади вакцини, како и втората пратка преку Ковакс механизмот која исто така треба да пристигне во тек на овој месец. Според Заев, се очекува да стигнат и 200 илјади кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од Спутник В, за кои има договор за 200 илјади дози.

Како што истакна премиерот, недостигот на вакцини предизикува проблем и во Германија, Америка, Кина Русија и секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во земјава.

– Имаме работа треба да се води грижа за граѓаните, за болните, да излекуваме повеќе пациенти, да се фокусираме системот да фунционира, да имаме вака позитивни реакции што ги гледаме од ситемот на вакцинација, да го јакнеме, да го засилуваме, заради тоа што едно е јасно – дека со вакцината може да ја победиме пандемијата, а истовремено да бидеме ефикасен сервис на граѓаните. Така што, не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, а тоа е министерот за здравство кој со здравствениот персонал работи максимално посветено за доброто здравје на нашиот народ, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој вели дека кога ќе има поголеми количини на вакцини во земјата, и кога максимално ќе се искористат капацитетите на постојните вакцинални пунктови, може да се отворат нови.

-Во текот на првиот ден во салата „Борис Трајковски“ беа вакцинирани 2800 граѓани, потоа околу 3000, таму капацитетот за вакцинирање може да расте до 5-6 илјади. Во самите здравствени институции во моментов капацитетот е соодветен на количините што ги имаме и тој може да се удвои. Кога ќе бидат искористени до максимум постојните капацитети, секако дека стојат на располагање дополнителни можности, спортски сали, организирање на отворно, ќе се направи се за да нема административни пречки за успешна масовна вакцинација, истакна премиерот.

Тој најави дека Владата размислува за формирање два посебни штаба, едниот во кој ќе учествуваат и министрите за надворешни работи, за европски прашања и за одбрана, како и министерот за здравство за поефикасно транспортирање, прифаќање и диструмуција низ земјата за вакцините кои се нарачани. Во вториот, пак, како што рече Заев, ќе бидат вклучени МВР, ЦУК, ДЗС за подобра организација на процесот на вакцинација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...