Заев: За уапсените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори

Во врска со уапсените македонските дипломати во соседна Србија, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ние ќе постапиме согласно сите меѓународни договори коишто сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но дека ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани.



-Дипломатите додека не ги побара некоја земја како и за секој граѓанин важат истите права и навистина ние не можеме за наш граѓанин да преземеме какви било дејствија ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР работат и дома и работат во нашите мисии, односно амбасадите насекаде. Одреден период се надвор, одреден период се дома, рече Заев.

За дипломатот кој бил баран со меѓународна потерници и потоа упасен на македонско – српската граница, како што сум бил информиран од МНР, целата негова кариера дел од времето поминал надвор, дел поминал тука.

-Јас не сакам да навлегувам во деталите на причината зошто е побарана меѓународна потерница и зошто се бара екстрадиција тоа ќе ви дадат соодветните органи. Но, дефинитивно знам дека е логично тие што работат во МНР коишто имаат свои кариери се долги години таму, поминуваат на мисии низ нашите амбасади како дипломатски советници или слично. Не ги знам навистина деталите и би сакал да ги дознаам, односно ќе се распрашам детално за наодите коишто преку МВР би ги добил како е – покажува дека е тоа така, што се случило. Знам дека 2018 година како што прочитав се случиле овие детали, рече Заев.

Премиерот кажа дека ние ќе постапиме согласно меѓународните документи, но оти исто така ќе ги дознаеме и сите правни акти како да се заштитат нашите граѓани.

-Нормално е дека земја која што е развиена демократија, која што ги почитува меѓународните узанси, договори, клаузули, ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но, секако, се работи за наш граѓанин, ќе сакаме да дополнително ги дознаеме сите правни акти кои се, затоа што пред се должни сме да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право, рече Заев на промоцијата на поштенската марка по повод 30 години од неависноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...