Пристигнаа 51.480 вакцини „Фајзер“ донација од Бугарија

Во Северна Македонија вчеравечер пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини, донација од соседна Република Бугарија.



По пристигнувањето, 30.000 дози беа веднаш дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата.

Министерството за здравство информира дека иако рокот на важност на вакцините е до 30 септември, со дневната динамика на вакцинација тие веднаш ќе бидат употребени пред истекување на рокот.

– Благодарност до Владата на Република Бугарија за оваа донација, која претставува гест на солидарност и уште една потврда за успешната соработка меѓу институциите на двете земји во справување со Ковид-кризата, велат од Министерството.

Вакцините на „Фајзер-Бионтек“ се препорачуваат за имунизација на лица над 12 години.

Министерството за здравство апелира дека вакцините се безбедни и ефикасни и само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...