Заев: Претседател Албанец ќе биде избран кога сите граѓани ќе бидат подготвени да гласаат за него

Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и дека би сакал да го дочека тоа, но нагласи дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата туку и од останатото неалбанско население, бидејќи како што рече, претседател се избира на непосредни избори, а не со партиски и политички договори.



-Ќе го чекам моментот кога граѓаните и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин кој не е Македонец. Ова е наша заедничка земја, овде сите сме родени, татковците и дедовците ни се родени, а тука ќе ни биде и заедничката иднина, рече Заев во одговор на новинарско прашање за тврдењата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно што ќе исполни оваа партија ќе биде избор на Албанец за претседател на државата.

Премиерот потсети дека преседателот се избира на непосредни избори каде гласаат граѓаните, и оти тоа не се договара партиски и политички.

-Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас, а и сите ние. Тоа ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кого најмалку 50 отсто од Македонците, 50 отсто од Албанците, 50 отсто од Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале за претседател, истакна Заев на прес-конференција во Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...